Дома Актуелно Брутално и искрено: Постои само еден и вистински клуб од Манчестер, а иднината на еден од фудбалерите е во Париз?!

Брутално и искрено: Постои само еден и вистински клуб од Манчестер, а иднината на еден од фудбалерите е во Париз?!

Долгогодишната доминација на Манчестер Јунајтед во англиската Премиер лига прекинуваше неколку екипи.

Од 1992. година и првата сезона во Премиер лигата, „Црвените ѓаволи“ од „Олд Трафорд“ освоија 13 првенствени трофеи, а доминацијата ја прекинаа Блекбурн, Арсенал, Челси и Манчестер Сити.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Последната титула Манчестер Јунајтед ја освои во 2013. година, а од тој момент главни во градот Манчестер стана Сити кој го наследи тронот од Јунајтед.

Меѓутоа, без никаков сомнеж, екипата од „Театарот на соништата“ е многу поголем тим од Сити, а тоа го потврдуваат и оние кои ги препознаваат вистинските фудбалски вредности.

Еден од нив е и фудбалерот на ПСЖ, Томас Муние. Тој со својата изјава ги понижи „Граѓаните“ и призна дека на играта на ФИФА, настапува со Јунајтед, како што вели, единствениот вистински тим од Манчестер.

„Претежно играм со ПСЖ, но ако бирам останати екипи, тогаш тоа е Манчестер. Да, Манчестер, единствениот вистински тим од овој град. Отсекогаш сум бил навивач на овој клуб“, истакна Муние и тука не сопре…

„Драго ми е што се вратија во Лигата на шампионите. Омилен фудбалер ми е Немања Матиќ и него го гледам во ПСЖ бидејќи е одличен играч. Јунајтед има исклучителен тим, фантастичен менаџер и навивачи. Тоа е совршен тим“, истакна Муние.

Овој 25-годишен десен бек член на парискиот тим стана во 2016. година, а на “Паркот на принцовите“ пристигна од Клуб Бриж.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Ѓоковиќ го прашаа на кој тенисер би му го доверил животот – одговорот беше изненадување! 🎥

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ доби и интересно прашање на кое имаше интересен о…