Францускиот репрезентативец и напаѓачот на Атлетико, Антон Гризман минатото лето беше мета на многу клубови, особено Манчестер Јунајтед и Барселона.
Сепак, на крајот Французинот одлучи да остане во Атлетико Мадрид, првенствено затоа што клубот доби забрана за доведување на нови играчи. Меѓутоа, уште во јануари ќе пристигне одличниот Диего Коста, кој пристигнува од Челзи, па Гризман би можел да го напушти Мадрид.
Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓
Изгледа дека силните шпекулации вчера ги засили и неговиот брат, Тео Гризман кој се огласи на Твитер, а само неколку минути по тоа ја избриша фотографијата.
Имено, Тео постави фотографија на „Олд Трафорд“ и така најверојатно го најави следниот потег на својот брат. А Мурињо токму тоа и го чека…