Репрезентацијата на Босна и Херцеговина е едно од најголемите разочарувања во квалификациите за Светското првенство.
Во групата Д во која беа сместени Босна освои само седум бода во осум натпревари и заврши како четврта што е големо разочарување. Вчера беа поразени од Украина со 0:2. После овој натпревар голманот Ибрахим Шехиќ застана пред навивачите и им се извинуваше.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ќе има правилник, тој што ќе погреши ќе биде изнесен пред вас и заедно ќе го казниме. Нема излегувања, нема кафе, нема да ги гледаме нашите мајки додека не ја вратиме репрезентацијата на патот на кој треба да биде. Тоа ви го ветуваме. Мора да ги поддржите овие млади момци“, изјави Шехиќ.