Босанскиот фудбалер Нермин Црнкиќ починал на 30-годишна возраст.
Според информациите на медиумите во регионот, Црнкиќ во последните денови имал проблеми со срцето поради што бил и во болница. Неодамна бил отпуштен од болницата на домашно лекување, а тоа се покажало како кобно за неговиот живот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Неговото тело било пронајдено во стан во Соединетите американски држави каде што и живеел.
Нермин во текот на кариерата настапуваше за Мичиген Бакс, Јаблонец, Знојмо, Слован Братислава, Сараево, Ерфурт и Тузла. Сезоната 2016/2017 беше една од најдобрите во неговата кариера во која постигна 11 голови.