Дома Македонски спорт Борко правеше чуда, Македонија Мундијалот го отвори со убедлива победа!

Борко правеше чуда, Македонија Мундијалот го отвори со убедлива победа!

Македонија денес го одигра првиот натпревар на Светското првенство против Јапонија на кое стартувавме успешно.

Избраниците на Раул Гонзалес денес ја оправдаа фаворитската улога и ја совладаа Јапонија во ефикасен натпревар, со резултат 29:38.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Отворија Јапонците, но ние изедначивме преку Манасков кој беше стрелецот на првиот погодок за Македонија на ова Светско првенство. Потоа се постигнуваа погодоци на двете страни се додека 4:4. Во тој момент на нашиот гол започна да блеска Борко Ристовски, па направивме предност од пет голови разлика (10:5). Во финишот од полувремето стигнавме и до највисоката предност во овој дел од натпреварот (16:10). На полувреме се замина со резултат 15:10.

Во вториот половина час работите не се менуваа многу, гледавме иста слика на теренот, а нашата предност се менуваше од 4 до 6 гола разлика, така беше се до последните 10 минути. Во тие моменти Македонија ја направи најголемата предност од +10. (37:27).

Борко Ристовски натпреварот го заврши 20 одбрани. Иако се очекуваше тој да биде избран за играч на натпреварот, на крајот таа награда заврши во рацете на Стојанче Стоилов.

За Македонија ова беше петта победа во петиот натпревар против една азиска селекција на светските првенства.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…