Дома Фудбал Лига на шампиони Болт го исмејува спринтот на Мбапе: Девојките трчаат побрзо

Болт го исмејува спринтот на Мбапе: Девојките трчаат побрзо

Пари Сен Жермен во вторникот го потврди својот пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите со вториот триумф против Реал Сосиедад.

Два гола на оваа средба постигна Килијан Мбапе кој го привлече вниманието и со еден спринт со истрчувањето сто метри за 10.9 секунди. За еден фудбалер тоа е навистина брзо, а се споменуваше и дека се приближил на славниот рекорд на Усаин Болт на сто метри (9.58 секунди).

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Сега во јавноста со свој коментар се огласи и Јамајканецот.

„Кога ја видов информацијата за спринтот на Мбапе ме насмеа. Па, девојките трчаат побрзо“, прокоментирал Болт.

Иако звучи смешно, оваа констатанција на Болт и не е далеку од вистината. Имено, кога Мбапе ќе спореди со времето на женските атлетичарки би бил рангиран на 63. место. Но, спринт патеката и фудбалскиот терен се различни и брзината на Мбапе секако е за почит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Неапол гори, Наполи е шампион на Италија

Наполи е шампион на Италија по 4-ти пат во својата историја, откако во последното коло го …