Дома Фудбал Англија Боели за 15 месеци потроши над една милијарда: Челзи го избегна финансискиот фер-плеј со ризична стратегија

Боели за 15 месеци потроши над една милијарда: Челзи го избегна финансискиот фер-плеј со ризична стратегија

Саудиска Арабија можеби се расфрла со пари за доведување на големи фудбалски имиња, меѓутоа дефинитивно лидер во последните две години во овој сегмент е Тод Боели, сопственикот на Челзи.

Боели го купи Челзи од Роман Абрамович за сума од четири милијарди и евра и во изминатиот период ја надмина границата од потрошение една милијарда евра само на трансфери.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Оваа граница сопственикот на Челзи ја надмина со последниот трансфер на Моисес Каиседо до Брајтон за сума од 116 милиони фунти (133 милиони евра). Каиседо со оваа сума стана најскапиот продаден играч од Премиер лигата, а исто така тој е третиот кој за троцифрена сума доаѓа во Челзи, претходно скапо беа платени Мудрик од Шахтјро и Енцо Фернандез од Бенфика.

Вкупно Боели потроши точно 906 милиони фунти или 1.05 милијарда евра, а наскоро оваа сума би можела да биде зголемена затоа што Челзи е спремен да плати околу 50 милиони фунти (над 60 милиони евра) за Ромео Лавиа од Саутемптон.

КАКО ЧЕЛЗИ НЕМА ПРОБЛЕМ СО ФИНАНИСКИОТ ФЕР-ПЛЕЈ?

Имено, Челзи успеа да пронајде „дупка“ во финансискиот-фер плеј на УЕФА, меѓутоа стратегија е секако ризична. Имено, тие потпишуваат договори на колку што е можно подолг временски период и така расходот се дели на повеќе рати, па разбирливо трошоците на годишно ниво се помали.

Меѓутоа ова е ризична стратегија затоа што на пример, Мудрик од Шахтјор потпиша на осум ипол години. Мудрик игра под очекувањата, но Челзи не може да направи ништо и ако тој сака може поголем дел од кариерата да помине во Лондон и добива плата без разлика дали е потребен.

УЕФА се сети да го реши овој проблем, па така ова лето го ограничи бројот на години кои можете да ги плаќата на рати, сега е најмногу пет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФИФА објави: Мундијалот во 2030 во шест земји, Саудиска Арабија ќе биде домаќин во 2034 година

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави каде ќе се одржуваат Светските првенства во …