Бобан Илиоски, најдобриот македонски кикбоксер ќе се бори за светската шампионска титула на ВАКО во К1.
Илиоски во категоријата до 88.6 килограми на 26. април ќе влезе во рингот со Берк Дузенли од Турција. Настанот е во организација на Кикбокс Маитаи Федерацијата на Македонија и ќе се одржи во СЦ „Јане Сандански“, борбите започнуваат во 19 чсот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Билети за настанот може да се купат на билетарата и онлајн на „Kupikartizase.mk“
.
На една од борбите ќе настапи и македонски трикратен светски и европски шампион Димитар Ѓорѓиев. Тој во оваа прилика ќе настапи како предборба на глвниот професионален ВАКО Про меч.
На настанот ќе има уште седум борби во машка и женска конкуренција.