Прераната смрт на легендарниот Диего Марадона ги погоди љубителите на фудбалот ширум светот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Скоро и да нема спортист кој не се опрости од Ел Пибе, а тренерот на Марсеј, Андре Вилаш Боаш синоќа упати интересен предлог до ФИФА.
Тој во чест на Марадона побара никогаш повеќе да не се носи дресот со број 10 во било кој тим на светот.
„Би сакал ФИФА да го повлече дресот со број 10 во сите натпреварувања и во сите екипи. Тоа би било најдобар начин да му се укаже чест. Ова е голема загуба за фудбалскиот свет.“ – рече Вилаш Боаш.
Навистина е тешко да се верува дека ФИФА ќе се одлули на таков потег, но сосема сигурно дека ќе се најде начин Диего засекогаш да биде во легендите.