Она што и неофицијално се најавуваше сега доби и потврда, Филип Кузмановски е нов ракометар на Еурофарм Работник.
Кузмановски денес го доби посакуваниот раскин на договорот и сезоната ќе ја заврши во клубот од Битола.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Сега веќе порашениот ракометар на клубот од Автокоманда го напушти Металург поради неисплатените плати кон него, а според договорот за прекин на соработката тој се откажа од долгот на клубот кон него.
Битолчани неколку години наназад се обидуваат да стигнат до место кое води во СЕХА лигата, а Кузмановски секако ќе им биде од голема помош во таа цел.
View this post on Instagram