Италијанските медиуми пренесуваат дека Рома го договорила трасферот на „бисерот“ на Динамо Загреб, Анте Чориќ.
20-годишниот офанзивен играч за врска беше мета на многу европски гиганти, меѓу кои и Ливерпул. Но спортскиот директор на „волчицата“, Мончи успеа да ја победи конкуренцијата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Калчомеркато“ пренесува дека двата клуба веќе постигнале начелен договор и Чориќ од следното лето ќе се пресели на „Олимпико“.
Рома за неговиот потпис на Динамо Загреб ќе му плати 12 милиони евра, а Хрватот ќе потпише 5-годишен договор.
Чориќ има 128 настапи за Динамо Загреб на кои постигна 27 гола, а во 2016 година дебитираше и за хрватската репрезентација.