Кристијано Роналдо размислува да го напушти Манчестер Јунајтед ова лето, а шпанските медиуми утрово пренесоа дека би можел да се пресели во Баерн Минхен.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанскиот весник „АС“ објави дека Роналдо е опција да го замени Роберт Левандовски во Баерн доколку полскиот напаѓач си замине.




Меѓутоа, информацијата за можен трансфер на Кристиано Роналдо во Баерн Минхен експресно беше демантирана од главниот уредник на „Билд“, Кристиан Фалк.




Баерн не е заинтересиран за Роналдо и воопшто не размислува за таков трансфер дури и ако Левандовски замине ова лето.




Роналдо сака да го напушти Манчестер Јунајтед и да се пресели во клуб кој настапува и има високи амбиции во Лигата на шампиони.