Серхио Рамос веројатно ќе го пропушти Ел Класико поради повреда која ја заработи на натпреварот против Косово.
Рамос неодамна се опорави од повредата на коленото и се врати на теренот, па се најде на списокот на Енрике за натпреварите на Шпанија во квалификациите за СП.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанија синоќа во Севиља ја победи репрезентацијата на Косово со 3:1, а Рамос доби шанса во 86. минута и помина нешто повеќе од пет минути на теренот.
Поради тоа Рамос е одлучи после натпреварот да остане на теренот со резервите кои не добија шанса за настап и да одработи лесен тренинг. Но, се покажа дека беше многу лоша одлука.
Во текот на тренингот Рамос почуствувал болка во мускулот под коленото поради што ќе биде надвор од теренот околу две недели.
Тоа значи дека Рамос ќе ги пропушти натпреварит за Реал против Еибар, Ливерпул и Барселона, што за Кралевите сигурно ќе биде голем удар.