Дома Фудбал Останато Бејл: Медиумите измислуваа работи за мојот однос со Роналдо

Бејл: Медиумите измислуваа работи за мојот однос со Роналдо

Во медиумите подолго време се пишува за тоа каков однос имале Герет Бејл и Кристиано Роналдо додека Португалецот беше во клубот.

Бејл сега беше конкретен на тоа прашање.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Велшанецот инсистира на тоа дека никогаш немал проблем со Роналдо кој денес го носи дресот на Јувентус.

„Кристиано е голем фудбалер, вистинско уживање е да играте со него. Ние немавме никаков проблем, но очигледно е дека медиумите измислуваат работи за да креираат нешто што го нема. Соработката со Роналдо ни беше одлично“.

„Неговите бројки во Реал Мадрид доволно зборуваат за тоа каков фудбалер е и што може да направи“, изјави Бејл.

Ќе потсетиме, Бејл во редовите на Реал Мадрид пристигна од Тотенхем во 2013 година, но никогаш во целост не ги оправда очекувањата. Овие денови многу се пишува за негово можно заминување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мо Салах не ги сака новите соиграчи?

Барем така велат Германците кои застануваат на страната на мнозинството новопристигнати мо…