Дома Фудбал Останато Беше најдобар фудбалер во Африка, сега е терорист!

Беше најдобар фудбалер во Африка, сега е терорист!

Мохамед Абутрика е фудбалска икона на црниот континент и еден од најдобрите африкански играчи во својата генерација, а сега е ставен на листа на терористи за поврзаност со забранетото „Муслиманско братство“.

Во фудбалската кариера има 100 настапи за репрезентацијатан на Египет и постигна 38 погодоци, а со настапите и во Ал Ахли стана вистински фудбалски идол во својата земја.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Со Египет двапати стана континентален шампион, освојувајќи го африканскиот куп на нации во 2006 и 2008 година, а трипати беше прогласуван за најдобар играч на Африка.

Од вчера според одлука на Судот во Каиро тој е ставен на листата на терористи кои се опасни за земјата. Против него се води постапка поради финансирање на забранетото „Муслиманско братство“, кое Египет го смета за терористичка организација.

Според новиот закон кој е на сила, на Мохамед Абутрика му се забранува да ја напушти државата и одземен му е пасошот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чави потврди: Неговата иднина во Барселона е неизвесна!

Сезоната заврши за Барселона, но изгледа дека турбуленциите се уште не поминале. Сеуште не…