Фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва, е оптимист во пресрет на пресметката со Реал Мадрид во Лигата на шампионите.
Минатат сезона токму Реал го запре Сити на патот до титулата, а Бернардо Силва истакна дека „граѓаните“ не се плашат од Реал и сакаат да стигнат до трофејот кој им недостасува.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Би било глупаво да не го почитуваме Реал, знаејќи што се случи минатата сезона. Сега ќе се обидеме да ги правиме работите поинаку. Сè уште имаме шанси за титулата во Англија и сме во финалето на ФА Купот, но нема да лажам кога ќе кажам дека најголемата цел на сите им е да го подигнеме трофејот во Лигата на шампионите. Тоа е единствениот трофеј што ни недостасува“.
„Зошто да се плашиме од Реал Мадрид? Не се работи за амблемот на клубот. Да ги немаше овој Реал фудбалерите како Модриќ, Крос, Винисиус или Бензема, немаше да освои ништо. Така што самиот дрес не носи ништо“, заклучи Бернардо Силва.