Дома Фудбал Бернардо Силва се сели во Милано

Бернардо Силва се сели во Милано

Бернардо Силва нема да го продолжи договорот со Манчестер Сити кој му истекува следното лето, а можно е кариерата да ја продолжи во Серија А.

Според доверливи италијански извори, раководството на Милан веќе го контактираше Португалецот за да ги открие неговите планови.

Португалскиот играч, кој сè уште не е подготвен за преселба во Саудиска Арабија, има 31 година и е отворен за преселба во Серија А.

Милан има сериозна конкуренција бидејќи за Силва интерес покажува и Јувентус, па двата гиганти ќе се борат за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пелегрини не премолче, му одговори на Мурињо!

Тренерот на Бетис, Мануел Пелегрини, даде одговор на коментарите на Жозе Мурињо по триумфо…