Доменико Берарди сака да го напушти Сасуоло во јануари и веќе се договорил со Јувентус, пренесува „Калчомеркато“.
Берарди со години игра одлично во Сасуоло, но никако да направи трансфер во голем клуб. Јувентус го сакаше и во летниот преоден рок, но не успеа да го реализира трансферот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Старата дама“ не се откажува од Италијанецот, кој е голема желба на Алегри, па ќе се обиде да го доведе до крајот на преодниот рок.
Берарди побарал од Сасуоло да го пушти во Јувентус, но клубот не сака да се раздели на средина од сезоната бидејќи се бори за опстанок и преферира да го продаде на лето.
#Berardi–#Juve, 10 anni di trattative: tre rifiuti e un affare fatto. Il futuro resta da scrivere https://t.co/abZ3lHtitN pic.twitter.com/wk3VlAzDIG
— calciomercato.com (@cmdotcom) January 16, 2024