Дома Топ вести Барселона тргнува по Дибала

Барселона тргнува по Дибала

Ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала сигурно ќе го напушти клубот на крајот на сезоната како слободен агент.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дибала го загуби трпението и смета дека „старата дама“ нема желба да ги исполни неговите барања, па на денешниот состанок го известил раководството дека заминува на крајот на сезоната.

Агентот на Дибала веќе разговарал со неколку клуба, а последните информации од Апенините се дека Барселона се вклучила во трката за неговиот потпис.

Чави смета дека Аргентинецот идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра и ќе биде одлична замена за Дембеле.

Барселона е насочена кон доведување на слободни агенти, па медиумите сметаат дека Дибала ќе биде следната ѕвезда после договорите со Кристенсен и Кеси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…