Дома Фудбал Барселона објави колку ќе паузираат Јамал и Левандовски

Барселона објави колку ќе паузираат Јамал и Левандовски

Ламин Јамал поради повреда не беше во составот на Барселона за вчерашниот натпревар против Реал Сосиедад, а по дуелот со баскијците тренерот Ханси Флик се соочи со дополнителен проблем.

Барселона непосредно пред дуелот на „Сан Себастијан“ потврди дека Јамал нема да биде во комбинација за настап, додека во вчерашниот дуел се повреди и Роберт Левандовски.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


По направените денешни тестови потврдено е колку ќе паузираат двајцата фудбалери.

„Тестовите утринава покажаа дека фудбалерот Ламин Јамал има истегнување на зглобот од прв степен. Се очекува да биде надвор од теренот две до три недели“.

„Роберт Левандовски заработи повреда на долниот дел на грбот. Тој ќе биде надвор од теренот околу 10 дена“, oбјави Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Не издржа долго без фудбал: Гомез се враќа и ќе игра повторно во Италија!

По кратко време без фудбал, Алехандро “Папу” Гомез повторно ќе игра на професи…