Шпекулациите за иднината на Осман Дембеле не престануваат и покрај фактот што Французинот во последно време игра одлично.
Француските медиуми пренесуваат дека за потписот на Дембеле е заинтересиран ПСЖ, а Каталонците ќе се обидат да го вклучат Дембеле во трампа со која ќе го вратат Нејмар на „Камп Ноу“. Во последно време се погласни се шпекулациите за враќање на Бразилецот во Барселона бидејќи не е среќен во Париз.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанските медиуми тврдат дека двата клуба веќе започнале почетни преговори за спектакуларна трампа помеѓу Нејмар и Дембеле.
Дембеле пристигна во Барселона за 105 милиони евра, но во последно време има големи проблеми со дисциплината и пропушти неколку тренинзи бидејќи играл видеоигри по цела ноќ со пријатели.
Секако, Барселона ќе треба да доплати помеѓу 50 и 60 милиони евра, но и треба да го убеди Нејмар да прифати помала плата од актуелната. Платата на Бразилецот со шпанските даноци ќе биде финансиски удар за Барселона, но Нејмар наводно е спремен да се договори со Каталонците бидејќи силно посакува да се врати на „Камп Ноу“.