Трансфер сагата околу репрезентативецот на БиХ, Миралем Пјаниќ е пред завршница.
Играчот на Јувентус се поврзува со Барселона, ПСЖ и Челси, а се чини дека на крајот ќе заврши таму каде што тој посакува – во Барселона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како што пренесува Мундо Депортиво, Јувентус на крајот може да прифати размена во која наместо толку посакуваниот Артур Мело ќе добие друг фудбалер.
Барселона на торинскиот великан му го понуди францускиот фудбалер Осман Дембеле. Наводно, Французинот веќе кажал ‘да’ на Старата дама, а наводно и клубот полека попушта и извесно е дека ќе дојде до размена Пјаниќ – Дембеле.
Шпанскиот весник трврди дека останува да се договорат одредени детали. Во Торино имаат страв кога е во прашање Дембеле поради честите повреди, па постои можност Французинот да дојде на позајмица и Јувентус за неговата иднина да одлучи по крајот на сезоната.
Доколку биде постигнат договор, Пјаниќ ќе потпише четиригодишен договор со каталонскиот тим вреден осум милиони евра по сезона.