Фудбалерите на Барселона вчера на домашен терен ја совладаа Севиља со 4:2 во дербито на деветото коло во Ла Лига, но оваа победа на Каталонците остана во сенка на повредата на Меси.
Меси фантастично го отовори натпреварот и веќе во втората минута му асистираше на Кутињо, а десет минути подоцна и самиот се запиша во листата на стрелци и зголеми на 2:0. Сепак, нешто подоцна завладеа молк на „Камп“ кога Меси после еден дуел остана да лежи на тревникот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Аргентинецот заработи повреда на раката, а навивачите се надеваа дека не е ништо сериозно. На големо се пишуваше за скршеница на раката и дека Меси го чека подолга пауза, но за среќа сега е потврдено дека нема нешто такво.
THE MESSI INJURY: fractured radius, out for at least three weeks pic.twitter.com/yqkpo6x557
— Neal Collins (@nealcol) October 21, 2018
Барселона рано утрово се огласи на својата официјална страница и потврди дека Меси заработил повреда на раката и дека не е нешто сериозно како што изгледаше. Меси надвор од терените ќе биде три недели, а што е најлошо за Каталонците ќе го пропушти „Ел Класико“ кое се игра наредниот викенд.
Меси според прогнозите ќе ги пропушти наредните пет натпревари вклучувајќи ги двете дерби средби во текот на неделата која следи. Барса прво на свој терен ќе игра против Интер, а неколку дена подоцна им гостува големиот ривал, Реал Мадрид. Покрај тоа Меси нема да игра против Леонес (шпански куп), Рајо Ваљекано (Ла Лига) и Бетис (Ла Лига).
❗ [INJURY NEWS] Leo #Messi fractures arm in 4-2 over Sevilla. More details ? https://t.co/w3VkoQHzZM
— FC Barcelona (@FCBarcelona) October 21, 2018