Како што се приближува крајот на првиот дел од сезоната медиумите започнуваат со детални анализи од досегашниот дел на сезоната.
Така „Марка“ објави текст со заклучок за тоа кои се трите главни столба на Барселона, која оваа сезона игра фантастично и е неприкосновен лидер во Примера.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според анализите кои ги направи медиумот јасно е дека се испрофилираа три клучни играчи во формацијата и визијата на Валверде, а тоа се Лео Меси, Тер Штеген и Иван Ракитиќ.
Имено, само овие тројца фудбалери ги одиграа сите 17 првенствени натпревари за Каталонците. Меси, без изненадување, ги одигра сите првенствени минути, а Ракитиќ одмараше само во незначајниот натпревар против Мурсија во Купот.
Барса со заминувањето на Нејмар ова лето остана без препознатловото напаѓачко трио „МСН“, но Валверде брзо се снајде и пронајде еднакво ефикасно решение.
Тој се одлучи за сигурсност во одбраната која на дава Тер Штеген, моќта на Меси која ја дава во нападот и креативноста на средниот ред каде диригира Ракитиќ – Барса сега има ново трио „МТР“.