Дома Топ вести Барса има план како да го врати Нејмар – му нуди трампа на ПСЖ

Барса има план како да го врати Нејмар – му нуди трампа на ПСЖ

Шпекулациите за иднината на Филипе Кутињо во Барселона не престануваат откако Бразилецот оваа сезона игра под своето ниво.

Француските медиуми пренесуваат дека за потписот на Кутињо е заинтересиран ПСЖ, а Каталонците ќе се обидат да го вклучат Дембеле во трампа со која ќе го вратат Нејмар на „Камп Ноу“.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во последно време се погласни се шпекулациите за враќање на Бразилецот во Барселона бидејќи не е среќен во Париз, а наводно пред неколку дена неговите претставници имале таен состанок со каталонскиот клуб.

Шпанските медиуми тврдат дека двата клуба веќе започнале почетни преговори за спектакуларна трампа помеѓу Нејмар и Кутуњо која би се реализирала на лето.

Секако, Барселона ќе треба да доплати помеѓу 50 и 60 милиони евра, но и треба да го убеди Нејмар да прифати помала плата од актуелната. Платата на Бразилецот со шпанските даноци ќе биде финансиски удар за Барселона, но Нејмар наводно е спремен да се договори со Каталонците бидејќи силно посакува да се врати на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Елиминацијата на Алкараз е одлична вест за Ѓоковиќ и Синер

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз изненадувачки беше елиминиран во четвртфиналето на турнир…