Дома Трансфер зона Балотели откри кој му е омилен играч во Серија А и ги изненади сите

Балотели откри кој му е омилен играч во Серија А и ги изненади сите

Контроверзниот италијански напаѓач, Марио Балотели даде свој коментар за останатите големи напаѓачи кои играат во Серија А.

Балотели наброи неколкумина кои се одлично според него, но му се восхитува само на еден.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Ми се допаѓа Ромелу Лукаку.Луѓето кои велат дека тој е бавен не разбираат ништо. Лаутаро Мартинез исто така ме изненадува оваа сезона. Друг многу јак напаѓач е Гонзало Игуаин, но ако треба да изберам само еден, тоа е Пауло Дибала. Јас сум негов фан, тој е неверојатен фудбалер“, изјави Балотели.

Викендов на програмата е големото милански дерби, па Балотели беше запрашан за кого ќе навива со оглед на фактот дека го носеше дресот на Интер и на Милан.

„Иако немам ништо против Интер, таму се развив како фудбалер, сепак за мене Милан е Милан“, кратко одговори Марио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…