Израелскиот голман Даниел Перец многу брзо може да го облече дресот на Баерн Минхен, објави „Скај Спорт“.
Баварците ги завршија преговорите околу трансферот на 22-годишниот чувар на мрежата од Макаби Тел Авив, а како оштета ќе му исплатат пет милиони евра. Голманот веќе постигнал договор за соработка на пет години.
Перец последниот натпревар во дресот на Макаби го одигра во четвртокот против Челзи во плеј-офот во Конференциската лига, по што отпатува за Германија.
Се претпоставува дека Перец ќе биде поддршка на Свен Улрајх кој во овој момент е прв голма на Баерн поради повредата на Мануел Ноер.