28-годишниот австриски репрезентативец, Марсел Сабицер минатото лето пристигна како големо засилување во Баерн, но може да замине после само една година.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сабицер беше голема желба на Јулијан Нагелсман, но не ги оправда очекувањата.
Иако во Лајпциг беше еден од најдобрите играчи, сепак во Баерн разочара и воопшто не е во конкуренција за првиот тим.




„Билд“ пренесува дека Баерн е спремен да го продаде за истата сума за која го доведе, односно 15 милиони евра.




Најсилен интерес за него покажува Жозе Мурињо, кој верува дека одлично ќе се вклопи во неговиот тим.




„Специјалниот“ веќе имал разговор со Австриецот и го убедил да се пресели во Рома, каде ќе има клучна улога во тимот.