Дома Трансфер зона Баерн му застанува на патот на Левандовски – нема да ја почитува неговата желба?

Баерн му застанува на патот на Левандовски – нема да ја почитува неговата желба?

Спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, но и самиот Левандовски потврдија дека напаѓачот сака да го напушти Баерн ова лето.

Левандовски после вчерашниот натпревар изјави дека најверојатно ја игра последната сезона во дресот на Баерн.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Скоро сигурно е дека ова беше мој последен натпревар за Баерн. Не можам да кажам 100% сигурно, но е многу веројатно. Мораме да го најдеме најдоброто решение за двете страни. Разговарав со спортскиот директор и му кажав дека нема да го продолжам договорот. Знам дека имам уште една година, но ќе видиме што ќе се случува“, гласеше изјавата на Левандовски.

Сепак, првиот човек на Баерн Херберт Хајнер уште еднаш повтори дека Левандовски има договор и тие се прашуваат за неговата иднина.

„Повторно ќе ви кажам, Левандовски има договор со нас до 2023 година и дотогаш ќе игра за нас. Кога ќе потпишете договор, добро знаете дека не може да кажете дека некој ве тера да го раскинете“, кажа Хајнер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…