Германските медиуми пренесуваат дека Баерн Минхен ќе ја активира клаузулата во договорот на Хамес Родригез и целосно ќе го откупи Колумбиецот.
„Билд“, кој традицонално е упатен во трансфер политиката на баварскиот гигант, тврди дека Баерн е многу задоволен од Родригез и сака да направи се што може за да го задржи во своите редови и по истекувањето на договорот за двегодишна позајмица од Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Токму поради тоа, баварскиот клуб сака да ја искористи клаузулата во договорот, според која за 45 милиони Баерн може да го задржи 26-годишниот играч за врска во Минхен.
Минатото лето Баерн плати 10 милиони за негова позајмица, а Хамес Родригез годишно заработува 8 милиони евра во Минхен.