Српските медиуми пренесуваат дека нашиот најталентиран фудбалер Давид Бабунски е пред заминување од Црвена Звезда.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
22-годишниот играч за врска не доби вистинска шанса за да го покаже својот талент во Црвена Звезда, па во јануари може да ја промени средината.
Изминатите месеци се шпеулираше дека за Бабунски интерес покажува Динамо Загреб, а сега српските медиуми информираат дека големи се шансите Македонецот да заврши во Серија А.
Имено, силен интерес за Бабунски во моментов покажуваат Сампдорија, Киево и Емполи па многу е веројатно од јануари да имаме уште еден Македонец во Серија А.