Раководството на Атлетико Мадрид е спремно да се раздели со Жоао Феликс уште во јануари и веќе му поставил цена.
„Јорганџиите“ за слободата на Португалецот бараат 140 милиони евра, што е повеќе од сумата која ја платија за него во 2019 година од 127 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во изјава за „АС“, извршниот директор на Атлетико потврди дека Феликс и тренерот Диего Симеоне повеќе не се во добри односи, поради што 23-годишниот португалски репрезентативец сака да го напушти клубот.
Интерес за Феликс покажуваат ПСЖ, Баерн Минхен и Челзи, но ниту еден од споменатите клубови не е спремен да ја плати сумата која ја бара Атлетико.
Шпанските медиуми пренесуваат дека заинтересираните клубови се спремни да испратат понуда од 100 милиони евра.