Сезонава во Ла Лига е прекината една традиција која траеше од 2006 година.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, од 2006 година секогаш први на табелата за Божиќ беа Барселона или Реал Мадрид. Но, таквата традиција се прекина оваа сезона во која Атлетико е лидер за Божиќ.
„Јорганџиите“ се први на табелата со ист број на бодови колку што има и Реал, меѓутоа мора да се истакне дека тие имаат подобра гол-разлика и два натпревари помалку.
Овој Атлетико потсетува на оној од сезоната 2013/2014 кој беше шампион на Шпанија. Тогаш Атлетико стана првиот клуб во Шпанија кој ја освоил титулата од 2004 година, а да не биде некој од Барселона и Реал. Во 2004 година Валенсија ја освои Ла Лига.