Асоцијацијата на спортски обложувалници информира дека, откако во април годинава Владата на Република Северна Мaкедонија донесе уредба со која се овозможи он-лајн спортско обложување преку македонските спортски обложувалници, играчите конечно имаат безбедно он-лајн обложување во државата и сигурна исплата на премиите.
И покрај тоа што он-лајн обложувањето, согласно член 19 од Законот за игри на среќа на странските сајтови е спротивно на законот и ваквиот начин не гарантира никаква безбедност во однос уплатите и исплатите, играчите сепак практикуваа и сé уште практикуваат он-лајн обложување на странски сајтови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со оглед на ова, ги информираме играчите дека Министерството за финансии, повикувајќи се на истиот член од Законот за игри на среќа (член 19) преку допис, веќе ги извести странските приредувачи на игри на среќа кои нелегално и без лиценца приредуваа он-лајн обложување дека е забрането учество на граѓаните на Република Северна Македонија кај странски нелиценцирани приредувачи на игри на среќа. Доколку Управата за јавни приходи утврди прилив на парични средства од учество во игри на среќа кај странски нелиценцирани приредувачи на игри на среќа, тоа подлежи на високи парични казни за играчите.
Он-лајн обложувањето на сајтовите на домашните обложувалници е безбедно, сигурно и едноставно. Обложувалниците се целосно подговтвени и нивните услуги се адаптирани за потребите на играчите. Неодамна се олесни и трансферот на пари, односно сега можат да се користат и платежни картички Visa I Master, што значително го подобрува корисничкото искуство и олеснува пристапот.
„Достапноста на интернетот и модерната технологија овозможија лесен пристап на странски он-лајн сајтови за обложување, а сé до носењето на уредбата домашните обложувалници немаа законска можност да воспостават ваков тип обложување. Со нелегалното он-лајн обложување на странските сајтови, државата нема контрола врз обложувањето, а парите за данокот, наместо во буџетот, се одлеваат надвор од државата. Според некои проценки станува збор за одлив од 40 до 50 милиони евра, а ова се средства кои се од значаен интерес за домашната економија, одржувањето и отворањето на нови работни места и инвестиции. Дополнително, оваа уредба на Владата е воедно и соодветен одговор на корона кризата која помогна да се зачуваат многу работни места кои директно и индиректно ги одржува индустријата на игри на среќа, како и егзистенцијата на повеќе од 54.000 лица кои целосно или делумно зависат од генерираниот личен доход во целиот синџир на вредности кој го создава оваа индустрија.“ – појаснува Васко Илијевски, претседател на АСОМ.
Секоја година државниот и локалните буџети од индустријата на игри на среќа инкасираат значителни средства. За илустрација, само во 2018 година оваа сума изнесува 253 милиони евра. Тука се вклучени директни и индиректни приходи, придонеси и даноци за плати, закуп на деловен простор. Зголемувањето на овие средства значи уште поголем прилив во државниот буџет и повеќе средства кои понатаму се вложуваат во подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани во државата. Ова е особено важно во време кога државата се соочува со здравствена криза, која ја разниша економијата тука и секаде во светот.
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија е активен чинител во општеството и заедно со своите членки работи одговорно, создава услови за работа и кариера, придонесува во економијата и активно делува на полето на општествената одговорност за поддршка на заедницата. АСОМ е формирана 2013 година, а членки на асоцијацијата се: Моцарт, Спор Лајф, Златна Копачка, Евротип, Марбет и Меридиан.
Повеќе информации за Асоцијација на спортcки обложувалници на Македонија се достапни на веб страницата www.asom.org.mk