Реал Мадрид е спремен да го продаде Марко Асенсио, па неколку заинтересирани клубови веќе работат на трансферот.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Кралевите“ веќе подолго време работат на трансферот на Килијан Мбапе кој на лето ќе пристигне во Мадрид, па поради тоа се спремни да го продадат Асенсио.




Шпанските медиуми пренесуваат дека Асенсио е спремен на лето да ја промени средината, па веќе започна битката за неговиот потпис.




Најсилен интерес за Шпанецот покажуваат англиските гиганти Ливерпул и Арсенал, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.




Според последните информации од Шпанија, Арсенал е во пол-позиција за неговиот потпис бидејќи тренерот Артета го убедил својот сонародник да се пресели на „Емирати“.