Тимот на Арсенал на лето би можел да го доведе Гуидо Родригез од Бетис, пишува „Мундо Депортиво“.
Микел Артета наводно е заинтересиран за аргентинскиот играч за врска кој оваа сезона е еден од клучните играчи на клубот од Севиља. Во Бетис тој пристигна минатата година од мексиканската Америка за три милиони евра, а со Бетис има договор до 2024 година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Родригез во договорот има откупна клазула од 80 милиони евра и таа Арсенал наводно е спремен да ја плати.
Од трансферот на Родригез би профитирал и мексинаксиот тим затоа што тие при продажбата задржаа 30% од правата на играчот очекувајќи еден еден да се продаде за висока сума.