Дома Трансфер зона Арда Туран прави изненадувачки трансфер?

Арда Туран прави изненадувачки трансфер?

Aрда Туран е без клуб, меѓутоа нема многу клубови кои се интересираат за неговиот потпис.

Откако на 30 јуни истече неговиот договор со Барселона која ја напушти пред две години и беше испраќан на позајмица, Туран сега е слободен да преговара. Единствен конкретен засега е само Хановер.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Германскиот второлигаш верува дека финансиски би можеле да си го дозволат Туран, тоа го потврди и директорот на клубот.

„Ако успееме да се договориме околу финансиите Арда Туран ќе ни се придружи во наредната сезона“, изјави Кенан Кочак.

Туран во Барселона пристигна летото 2015 година од Атлетико за 34 милиони евра, но никогаш не ја достигна формата од Мадрид.

Со доаѓањето на Ернесто Валверде тој стана вишок и беше испратен на позајмица во Башакешир, но турскиот клуб го раскина договорот со него поради проблеми со дисциплината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…