Аргентина е во лоша ситуација па вечерва натпреварот против Еквадор ќе биде „да се биде или не“ за „Гаучосите“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Аргентина доколку сака да извади виза за Русија ќе мора да го победи Еквадор и така да ја прекине црната серија од пет пораза против оваа репрезентација.
Аргентинците против Перу играа во формација 4-2-3-1 што не се покажа како добар избор иако создадоа многу шанси за гол. Поради тоа селекторот Сампаоли размислува за промена на формацијата, но и на некои фудбалери пред историскиот меч со Еквадор.
„Гаучостите“ во Кито би можеле да играат во формација 3-3-3-1 или 3-4-2-1, а за разлика од мечот со Пери од стартната постава ќе испаднат Ди Марија и Банега.
Многу веројатно е дека Аргентина ќе игра со тројца фудбалери во последната линија и дека Маскерано ќе биде прекомандован во средниот ред.
На негово место во одбраната ќе игра Фацио од Рома кој заедно со Отаменди и Маркадо ќе ја сочинуваат дефанзивната линија. Маскерано и Биглија ќе играат во средниот ред, а по страните ќе бидат Акуна и Ригони. Меси и Папу Гомез ќе играат позади Бенедето во нападот.