Лука Јовиќ никако не успеа да ги исполни очекувањата во Реал Мадрид кои беа големи, па летово се пресели во италијанска Фиорентина каде што имаше одличен старт.
Јовиќ на своето деби за италијанскиот тим против тимот на Реал Виченца постигна четири гола во победата од 7:0.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
По ваквиот настап прашање за Јовиќ доби и тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти.
„Нема сомнение дека Јовиќ е одличен напаѓач. Не се движи многу, но е силен во шеснаесетникот и игра добро со глава. Зборувам за сериозен играч и ако биде мотивиран сигурно ќе биде добар во Фиорентина. Малку е мрзелив и му треба мотивација“, изјави Анчелоти.
Во Фиорентина Јовиќ пристигна без оштета, а договорено е Реал да добие 50% од сумата од неговиот следен трансфер.