Пред утрешниот натпревар против Словенија денес прес-конференција одржа селекторот Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев.
Македонија утре на домашен терен ќе игра натпревар против Словенија во рамките од квалификациите за Европското првенство.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пред овој натпревар Македонија се соочува со повреди и суспендирани фудбалери, пред се тука се истакнувао отсуството на Енис Барди.
„За репрезентација како Македонија секое отсуство е прблем. Меѓутоа на терен ќе излезат 11 спремни фудбалери за борба кои ќе го дадат максимумот. Се надевам дека ќе успеат да го донесат она што целата јавност го посакува“.
„Не планирам колку бодови ќе освоиме во следните два натпревари, тоа не ми е важно. Сега важна ми е само Словенија, одиме натпревар по натпревар“, порача Ангеловски.
Капитенот Горан Пандев испрати истакна дека расположението е одлично и испрати порака дека бројката не е важна, важно е на стадион да дојдат оние кои со срце ќе навиваат за Македонија.
„Расположението е одлично, оваа генерација заслужува да игра на едно големо натпреварување. Кога Словенија може да се надева на тоа второ место, зошто да не се надеваме и ние. Не гледам каде они се подобри од нас“.
За очекувањата од публиката на стадионот.
„Јас се надевам дека ќе дојдат луѓе кои ја сакаат оваа селекција. Бројката не е важна дали ќе бидат 10, 15 или 30 илјади навивачи. Нека дојдат оние кои со срце ќе навиваат за нас“, изјави капитенот.