Дома Фудбал Останато Американците го шокираа Швајнштајгер – не знаеше дали да се смее или да плаче!

Американците го шокираа Швајнштајгер – не знаеше дали да се смее или да плаче!

Поранешниот германски репрезентативец Бастијан Швајнштајгер синоќа беше претставен во својот нов клуб Чикаго Фајр и веднаш беше шокиран на првата пресконференција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, доказ за тоа колку Американците не се разбираат од фудбал беше новинарското прашање дали Чикаго ќе го освои Светското првенство.

Швајнштајгер се зачуди па почна да го прашува тренерот Вељко Пауновиќ дали добро разбрал, а мораа да се вклучат и другите претставници на Чикаго за да ја расчистат дилемата. На крајот, Германецот даде дипломатски одговор дека очекува добри игри и резултати со својот нов клуб.

Швајнштајгер може да дебитира за Чикаго уште во сабота, соопшти тренерот на тимот Вељко Пауновиќ.

„Швајнштајгер е во групата, но не можам да ви кажам отсега дали ќе го пуштам во игра. Ќе видиме“, рече Пауновиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Почетино шокираше: „За мене тоа никогаш не би било црвен картон“

Фудбалерот на репрезентацијата на САД Кристијан Пулишиќ изјави денес дека неговиот тим мор…