Иднината на Килијан Мбапе е главна тема во светот, откако ПСЖ дефинитивно го исфрли од тимот и не го повика на турнејата во Јапонија.
Парижаните со сите сили се обидуваат да се ослободат од 24-годишниот Французин ова лето откако им стана јасно дека тој сака да замине бесплатно следната година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Екип“ пишува дека Реал и Мбапе веќе имале договор тој да се пресели во Мадрид следното лето како слободен агент и да добие бонус од 100 милиони евра.
Ал Хилал е подготвен да го купи Мбапе на една година и така да го реши проблемот. Французинот една година да игра во Саудиска Арабија, а следното лето да се пресели во Мадрид.
Мбапе засега не е заинтересиран за таква опција и неговиот став е дека осанува во ПСЖ уште една сезона.
🚨 The Saudi government are now preparing a huge contract offer to sign Kylian Mbappé for Al-Hilal. 🇸🇦
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 22, 2023
For now, Mbappé’s "official" position remains the same: he will stay at PSG.
(Source: @Santi_J_FM) pic.twitter.com/1JACENhTGK