
Вардар вчера ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната, а тренерот Стевче Алушовски зборуваше за очекувањата од вториот дел од сезоната.
Алушовски припремите ги започна без ракометарите кои имаат обврски кон своите репрезентации пред стартот на Светското првенство.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
„Имаме еден краток период за подготовки затоа што не очекува втората полусезона и густиот распоред во февруари. Поради репрезентативни обврски ни недостигаат седум ракометари. Дисингер се враќа во четврток затоа што нема да биде со репрезентацијата на Германија на СП. Стоилов, Мишевси, Талески и Димитроски ќе отсуствуваат од поготовките. Сакам Македонија да игра на СП, но ќе бидам среќен и ако ни се приклучат. Без Чупиќ и Патрик ќе бидеме до 28. Јануари. За нас најважен ќе биде дуелот со Порто и се надеваме на позитивен резултатот кој треба да ни даде имплус за остварувањето на нашите цели. Имавме и проблеми со Ковид-19, се надевам дека тоа е зад нас“.
Вардар во само еден месец (февруари) ќе одигра дури 11 натпревари.
„Следниот месец ќе одиграме дури 11 натпревари и тоа ќе биде многу тешко. Имаме патувања и подготовка за секој меч, ќе биде пеколно и многу тешко, мора максимално да бидеме фокусирани. Размислувам позитивно и очекувам овој состав да го издржи тоа, но не би било изненадување ако пристигне барем еден ракометар во текот на полусезоната“, изјави Алушовски.