Пред третиот круг од тековниот шампионат тимот на Шкендија влегува како лидер со 47 бодови, седум повеќе од второпласираниот Шкупи.
Поради Шкендија е најголем фаворит за титулата, меѓутоа пред нив се уште има натпревари за играње. Еден од клучните играчи на Шкендија, Арменд Алими верува дека неговиот тим ќе биде шампион на крајот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Убеден сум дека Шкендија ќе биде шампион на крајот. Фактите покажуваат дека сме најдобриот тим во лигата, бевме први во првите два круга, така нека биде и после третата фаза“.
„Пандемијата со коронавирусот го потресе целиот свет, се одрази на се и сите, па така и на нас фудбалерите. Имавме голема пауза, тешко беше да се одржи формата, форматот во Европа беше променет…Не е лесно да се справуваш со ваква ситуација, затоа треба да бидеме задоволни што сме први. Кога во прашање е Ковид-19 јас лично го почувстував затоа што не можев да бидам со тимот пшротив Сумгаит во во евро квалификациите. Подоцна го изгубив и мојот татко па ми беше потребна дополнителна сила“, изјави Алими за клупскиот сајт на Шкендија.
Фото: Шкендија