Дома Фудбал Италија Алегри: Сакаме да го вратиме Скудетото и да имаме добра сезона во ЛШ, важни се првите три месеци

Алегри: Сакаме да го вратиме Скудетото и да имаме добра сезона во ЛШ, важни се првите три месеци

Jувентус во овој преоден рок веќе ги доведе Пол Погба и Анхел Ди Марија и се очекува тие да бидат големи засилувања, а до крајот на преодниот рок веројатно ќе пристигне уште некое засилување.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Навивачите очекуваат подобра сезона од претходната, а во таква насока е и изјавата на стратегот на црно-белите Масимилијано Алегри.

„Минатата сезона Јувентус не освои трофеј. Сега има промени со доаѓањето на Погба и Ди Марија, тука е младиот Гати, ни се враќаат Киеза и Мекени. Очекуваме да има поконкурентен тим и ќе направиме за да го вратиме Скудетото кај нас. Сакаме добра сезона и во Лигата на шампионите, многу важни ќе бидат првите три месеци“.

За Погба и Ди Марија има само пофални зборови.

„Погба и Ди Марија се многу важни од технички пголед, тие го подобруваат тимот и го намалуваат притисоикот врз помладите играчи. Сигурно сме многу подобри со нив. Погба пристигнуа со голема глад и желба за одмазда, веруваме дека ќе ни биде од корист. Технички и физички тој е многу поразличен од другите во тимот“, изјави Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Веќе се познати и деталите: Перез ги прифатил сите девет услови на Мурињо!

Веќе беше објавено дека Флорентино Перез ја донесол одлуката за тоа кој тренер ќе ја предв…