Интересна ситуација беше забележана во последниот ден од преодниот рок.
Имено, навивачите на кипарски АПОЕЛ спречија трансфер на Ердис Кеча во клубот од Никозија поради неговата фотографија на неговиот Фејсбук профил на која носи маица со натпис на т.н организација „УЧК’.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кипарските медиуми пренесуваа дека договорена била позајмица помеѓу ПАОК и АПОЕЛ, но истата во последен момент била поништена поради притисокот на фановите на „жолто-сините“.
Албанскиот репрезентативец дури и отпатувал во Кипар, но навивачите поради неговата слика на Фејсбук профилот го стопирале трансферот.
Кеча сепак подоцна успеа да направи трансфер, но не во АПОЕЛ туку во Панатинаикос каде што ќе настапува како позајмен фудбалер до крајот на сезона.