Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола има уште една година од договорот, па „граѓаните“ сакаат да ја продолжат соработката со трофејнииот стратег.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Раководството веќе му понудило нов, богат договор, но Гвардиола одбива да го продолжи договорот со Манчестер Сити.
Англиските медиуми откриваат две причини: едната е дека Пеп навистина не сака да продолжи со Сити, а другата дека моментално тренерот се фокусира кон градењето на тимот за следната сезона.
Гвардиола не сака да брза бидејќи има договор и за следната сезона, па сака да види како ќе се одвиваат работите на „Етихад“ и што ќе се случи со казната на УЕФА за суспензија во Лигата на шампиони.