Раководството на Милан има план Б, во случај да не успеат да го комплетираат трансферот на Ренато Санчез од Лил, пренесува „Газета дело Спорт“.
Ренато Санчез има договор со „росонерите“, трансферот беше пред реализација, но во трката се приклучи Пари Сент Жермен, кој нуди многу повеќе пари.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Поради тоа Милан има резервен план, а станува збор за ѕвездата на Сасуоло, Хамед Траоре.
Станува збор за 22 годишен офанзивен фудбалер, кој оваа сезона блесна во Серија А и може да игра на повеќе позиции.
Раководството на Милан веќе имало средба со неговиот агент и наскоро ќе испратат понуда до Сасуоло, кој за слободата на фудбалерот бара 30 милиони евра.
Траоре може да игра на крилните позиции, но и како офанзивен играч за врска, позиција која Милан сака да ја засили во летниот преоден рок.
Milan have had their first contacts with Sassuolo for Traore. They like him and his salary won’t be an issue.
— Italian Football TV (@IFTVofficial) June 22, 2022
🔴⚫️👀
📰 via Gazzetta pic.twitter.com/ltrkzZhdId