Репрезентативецот на Македонија Арјан Адеми се повреди во вчерашниот натпревар во Лигата на Европа помеѓу Динамо Загреб и ЦСКА.
Адеми во 34. минута застана и се фати за задната ложа и побара измена. Тренерот на хрватскиот тим секако веднаш реагираше и на местото на Адеми во игра влезе Бартол Фрањик.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Во последно време Адеми има проблеми со повредите, во претходниот месец се мачеше со бутниот мускул. Собра сили и играше за Македонија во финалето за пласман на ЕП против Грузија, меѓутоа потоа ја обнови повредата.
Засега не се знае од каков карактер е оваа повреда, меѓутоа за репрезентацијата на Македонија е добро што следниот натпревар е дури во март.