Летово Арјан Адеми би можел да ја промени средината и да го напушти Динамо Загреб, меѓутоа само за клуб од топ пет првенства.
Во редовите на Динамо Адеми е од 2010 година и одбил повеќе понуди, неколку пристигнаа минатото лето. Најсериозни беа шпански Бетис и Ал Наср од Саудиска Арабија, на крајот сепак македонскиот репрезентативец остана во Динамо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Адеми остана затоа што не заборави што клубот направи за него пред две години кога беше суспендиран, се чувствуваше должен за да врати на Динамо. Ја одби понудата од Саудиска Арабија за да помогне тимот да направи исчекор во Европа. Сега кога тој исчекор е веќе направен, Адеми може да се проба во некоја од најсилните, топ пет лиги“, најавуваат хрватските медиуми.